24фудбал

Мурињо: Сите ги лажев дека овој меч не ми значи, но кога го дадовме голот трчав како мало дете! (ВИДЕО)

Жозе Мурињо вели дека сите ги лажел, па дури и себеси дека овој 1.000 јубилеен меч не му значи многу, но кога излегол на теренот се било поинаку.

Италија

На 1.000 натпревар за Мурињо како тренер, неговиот тим, Рома забележа победа која ќе се памети. Ел Шарави постигна гол во 92. минута, а Португалецот трчаше од среќа до позади голот за да прослави со играчите и фановите.

„На сите им кажував лаги, па дури се лажев и себеси! Со денови на тимот му велев дека овој 1.000 натпревар не е важен за мене... но имав во мене имав еден неверојатен страв дека можеме да загубиме! Ова беше посебен број за мене и сакав да го паметам цел живот. За среќа победивме и трчав како да сум дете денеска бидејќи се чувствував како да имам 12 години, не 58“, вели Мурињо.

Тијаго Пинто (неговиот помошник) ми рече дека ова било божја правда од Богот на фудбалот кој не можел да дозволи Мурињо да не го добие овој 1.000-ти натпревар и можеби е во право. Но, ако тие победеа ќе бев тивок бидејќи заслужија. Се можеше да се случи во финишот, заслуживме и ние“, заврши Португалецот.