24фудбал

Академија Пандев убедлива против Македонија ЃП, Работнички подобар од Брегалница

Македонија Ѓорче Петров поведе уште на стартот од мечот против Академија Пандев но потоа прими четири голови, Работнчки ѝ го нанесе првиот пораз на Брегалница оваа сезона.

Македонија

Македонија ЃП со гол на Воша уште во првата минута поведе на гостувањето кај Академија Пандев но не успеа да го изненади поквалитетниот противник.

До крајот на мечеот Мирчевски даде два гола, по еднаш погодија Бихорац и Лукас Сантош за конечна победа од 4-1.

Работнички со голови на Лука Станковски и Ристевски од пенал, со 2-0 славеше над Брегалница.

Струга Трим Лум со гол на Галевски во 94. минута го победи Скопје.

Борец со 2-1 славеше над Пелистер, ван Гонзало и Трајковски беа стрелци за велешкиот тим, Принц Ампонсах погоди за Пелистер.

Ренова со 2-0 го победи Тиквеш во Кавадарци. Рамадани и Селмани беа стрелци на головите.

Дербито меѓу Шкендија и Шкупи се игра во вторник со почеток од 15 часот.


Табела 6. коло:

1. Академија Пандев 13

2. Струга ТЛ 12

3. Ренова 11

4. Работнички 11

5. Шкупи 10 (-1)

6. Македонија ЃП 9

7. Брегалница 7

8. Борец 7

9. Шкендија 6

10. Скопје 5

11. Тиквеш 2

12. Пелистер 1


Фото: ФК Работнички