24фудбал

Трајковски се стави во погонот на Алборг (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски од денеска почна со работа во неговиот нов клуб, Алборг.

Македонија

Трајковски денеска ја имаше официјалната промоција во Алборг, по што започна со тренинзи.

Во финишот од преодниот рок, Александар Тајковски потпиша за Алборг откако му беше кажано дека за него нема место во тимот на Мајорка.

Тој во Алборг е на едногодишна позајмица од Мајорка. Претходндо настапуваше за Палермо, Зулте Варегем, Мехелен и Интер Запрешиќ.