24фудбал

Челси испрати „летечки ѕвер“ за да го врати Пулишиќ во Лондон (ФОТО)

Премиерлигашот и европски клупски првак му овозможи одлични услови на својот фудбалер да заштеди на време за своето враќање во Лондон.

Англија

Соединетите Американски Држави славеа убедлива победа од 1-4 кај Хондурас во мундијалските квалификации во Северна и Централна Америка, а САД со една победа и две ремија заостануваат два бода зад Мексико по трите кола во таа конкуренција.

Ѕвездата на Челси, Кристијан Пулишиќ играше седо 62 минута од пресметката, а по мечот сите фудбалери добија слободни да се вратат во сопствените клубови.

Челси реагираше брзо, па така испрати приватен авион за да го врати својот фудбалер назад во Лондон, а со тоа да биде на располагање на време во подготовките за мечот со Астон Вила во четвртото коло од Премиерлигата.