24фудбал

„Луѓето ми велат имаш пари, скапи автомобили, куќи... но знаете колку пати сум ги прошетал децата во парк?“

Кристијано Роналдо вели дека плаќа скапа цена за славата и популарноста, Португалецот се пожали дека нема приватност и не може да ги прошета децата во парк.

Останато

Кристијано Роналдо е еден од најдобрите фудбалери на денешницата и еден од најдобрите во истроијата, ЦР7 има огромна популарноста и речиси да нема човек кој не би сакал да биде како него.

Но во разговор со Пирс Морган, Португалецот вели дека славата е убава само на почетокот, тој сега нема приватност и се пожали дека не може да ги однесе децата на прошетка во парк.

„Пирс, да бидам искрен, да се биде јас е досадно. Да, на почетокот е одлично. Станувате славен, постигнувате погодоци, освојувате трофеи, се појавувате на насловни страни на весници, на телевизија... Но откако ќе поминат многу години, гледате со други очи. Имаш девојка, имаш деца, сакаш малку приватност а немаш никаква приватност. Одамна немам никаква приватност“ – вели Кристијано Роналдо.

„Ако е можно, би платил само за да имам малку приватност. Луѓето ми велат, „Што се жалиш, богат си. Имаш пари, скапи автомобили, куќи“. Но тоа не е се во животот. Верувај ми, не е многу добро да си познат“.

„Што мислиш, колку пати имам прошетано со децата во парк во последниве две години? Ниту еднаш!“

„Ако се појавам во парк, веднаш ќе дојдат многу луѓе, децата ќе станат нервозни, јас ќе бидам нервозен, мојата девојка ќе биде нервозна“.