24фудбал

Mу пропадна трансферот во Шалке поради секс снимка

Шалке реши да се откаже од ангажман на Серхи Енрич откако навивачите го кренаа гласот поради секс скандалот во кој беше инволвиран Шпанецот пред пет години.

Германија

Изминативе неколку дена, Шалке се обидуваше да го ангажира Серхи Енрич, напаѓачот требаше да пристигна во Гелзенкирхен на лекарски прегледи, и кога се чинеше дека ќе се реализира трансфер, навивачите го кренаа гласот.

Проблем е секс скандалот од пред пет години, Серхи Енрич заедно со тогашниот соиграч Антонио Луна се снимале додека имале секс со девојка, и потоа без нејзина согласност го објавиле видеото на интернет.

Двајцата добија условни затворски казни од по две години, а мораа и да платат 100.000 евра како оштета на девојката.

На навивачите на Шалке не им се допадна ваквиот скандал, го кренаа гласот на социјалните мрежи па „сините“ попладнево соопштија дека се повлекуваат од преговорите.