24фудбал

Математичар од Оксфорд пресмета дека Роналдо е најдобар фудбалер на сите времиња! (ВИДЕО)

Еминентниот математичар од универзитетот во Оксфорд, Том Крофорд математички пресметуваше кој е најдобриот фудбалер на сите времиња.

Англија

Тој состави листа од десет најдобри фудбалери на сите времиња, а за да го направи тоа земал седум критериуми, клупски голови, клупски титули, репрезентативни голов, репрезентативни титули, златна топка, индивидуални рекорди и како што ја нарече сезона на „Х-фактор“.

Тој ги издвои Кристијано Роналдо, Меси, Пеле, Марадона, Ван Бастен, Кројф, Пушкаш, Ди Стефано, Роналдо и Платини како десет најдобри па почна да ја прави пресметката.

Според неговата математика излезе дека Кристијано Роналдо е најдобриот фудбалер на сите времиња, после него е Меси, а на третото место е Пеле.