24фудбал

Маркињос прва жртва од циркузот на дуелот помеѓу Бразил и Аргентина

Маркињос нема да настапи против Перу, нејасно е дали дефанзивецот ја одработил казната на суспендираниот дуел со Аргентина, па Бразил нема да ризикува ништо.

Јужна Америка

Маркињос го напушти кампот на „кариоките“ и нема да игра против Перу. Дефанзивецот требаше да одработи казна на мечот помеѓу Бразил и Аргентина, големото дерби беше прекинато по пет минути игра, а потоа и суспендирано откако здравствените власти и полицијата влегоа на терен да апсат четворица фудбалери на „гаучосите“.

На луѓето од Фудбалската федерација на Бразил им е нејасно дали Маркињос ја одработил казната, за секој случај се консултирале и со ФИФА, но откако не добиле гаранции од светската куќа на фудбалот, решиле ништо да не ризикуваат.

Па Маркињос наместо да патува со останатиот дел од тим во Ресифе, ќе фати лет за Франција и порано од планираното ќе му се приклучи на ПСЖ.