24фудбал

„Во еден часот по полноќ му пратив фотографија од мојот задник, а тој...“

Бурниот живот на Роналдо како еден од најдобрите фудбалери на денешницата го одбележаа и неколкуте кратки врски со модели, а некои приказни дополнително испливуваат на површина.

Останато

Португалскиот модел Наташа Родригез тврди дека поминала една ноќ заедно со големата фудбалска ѕвезда и нејзин сонародник, Кристијано Роналдо.

Родригез тврди дека по два месеци допишување по социјалните мрежи добила повик од Роналдо да оди во неговиот дом, а објасни како се случило сето тоа.

Беше еден часот по полноќ и јас му испратив фотографија од мојот задник со зборовите Огромен бакнеж како шега“ вели таа за „Сан“.

Никогаш не помислив дека тој би ми одговорил на пораката, но во шест часот наутро тој ми пиша порака и работите тргнаа токму од таму, а доколку се навратам на тој период, воопшто не би сакала тоа да се случи“ додава Родригез.

Не можев да поверувам дека сум во домот на Роналдо, моето срце чукаше брзо, но тој беше љубезен и сладок, ми рече да се чувствувам како во свој дом, а потоа се опуштив“ вели таа, а ја откри и пораката која ја добила од старо-новата ѕвезда на Манчестер јунајтед откако минале ноќ заедно во март 2017 година, период пред Роналдо да се запознае со Георгина.

Уживав, ќе се видиме еден ден повторно, нека остане тајна, те молам, бакнежи“ гласела пораката на фудбалерот кој потоа ја блокирал на социјалните мрежи и го прекинал сиот контакт со неа.

Кристијано целосно ме исфрли од животот, а истото би можел да и го стори и на Георгина, таа мора да внимава добро на него, бев повредена на начинот на кој ме отфрли и ме блокираше на Инстаграм откако спиевме заедно, а болките и денеска останаа, секогаш ќе постои пред и после во мојот живот со Кристијано“ подвлече португалскиот модел.