24фудбал

Ајнтрахт одговори на „аферата Костиќ“: Лацио сам си е виновен, заборави една буква!

Од таборот на Ајнтрахт Франкфурт одговорија на обвинувањата дека се служеле со валкана тактика во преговорите со Лацио за трансфер на Филип Костиќ, „орлите“ велат дека „бјанкочелестите“ заборавиле една буква.

Германија

Медиумите од Италија синоќа објавија дека Ајнтрахт Франкфурт со валкани тактика се обидел да го задржи Филип Костиќ. „Орлите“ наводно на Лацио му дале погрешен мејл, и потоа пред Србинот се правдале дека никогаш не пристигнала официјална понуда.

Сепак, Ајнтрахт Франкфурт ја раскажа другата страна на приказната. Според нив, Лацио е виновен, клубот од Рим заборавил една буква (К). 

„Бјанкочелестите“ понудата ја испратиле на eintrachtfranfurt.de наместо на eintrachtfrankfurt.de и тука настанала грешката.

Спортскиот директор на Лацио, Игли Таре одби да навлегува во детали: „Не сакам да коментирам, нема поента да зборуваме повеќе на оваа тема. Ќе беше добро доколу успеевме да го ангажираме Филип Костиќ“.