24фудбал

Ајнтрахт со необична тактика да не продаде фудбалер, на Лацио му дале погрешен мејл!

Новинарот Џанлука Ди Марцио открива интересна информација, Ајнтрахт Франкфурт на Лацио му дал погрешна имејл адреса со цел да не го продаде Филип Костиќ.

Германија

Лацио подолго време се обидуваше да го ангажира Филип Костиќ, достави две понуди но не успеа да пронајде заеднички јазик со Ајнтрахт Франкфурт и Србинот остана во Бундеслигата.

Џанлука Ди Марицио сега открива повеќе детали од преговорите, новинарот пренесува за необична тактика на „орлите“. Тие побарале од Лацио да достави формална понуда на мејл, но на „бјанкочелестите“ им дале погрешна имејл адреса.

Раководството на Ајнтрахт Франкфурт потоа се правдало пред Филип Костиќ дека нема пристигнато официјален предлог. Кога агентот Фали Рамадани дознал за „валканата“ игра, направил принт-скрин од мејлот и му покажал на фудбалерот дека е испратен предлог вреден 10 милиони евра, плус додатни 2 милиони евра во бонуси.

Па токму поради ова Филик Костиќ одбил да тренира и да не игра против Арминија Билифилд изминатиов викенд.

Лацио потоа испратил и втора понуда, овој пат на корeктен мејл, но Ајнтрахт Франкфурт одбил да го продаде Филип Костиќ.