24фудбал

„Секој Божиќ за подарок добивав дрес од Баерн Минхен, ќе го оставам срцето се за овој клуб“ – Сабицер потпиша за „баварците“

Баерн Минхен попладнево го потврди трансферот на Марсел Сабицер, фудбалерот од Австрија се обврза кон „баварците“ до 30. јуни 2025 година.

Германија

Јулијан Нагелсман доби уште едно засилување, Баерн Минхен го ангажираше Марсел Сабицер од РБ Лајпциг.

Фудбалерот од средниот ред пристигнува на „Алианц Арена“ во зделка вредна 15-16 милиони евра, и се обврза кон „баварците“ до 30. јуни 2025 година.

„Задоволен сум што ми се укажа шанса да заиграм за Баерн. Како дете, дресот од Баерн ме правеше горд и среќен. Секој Божиќ за подарок добивав дрес од Баерн. Ќе го оставам срцето на терен за овој клуб, сакам да победам на што е можно повеќе натпревари и да освојам многу титули“ – рече фудбалерот од Австрија по преселбата во Минхен.