24фудбал

Халанд во 91. минута донесе победа за Борусија Дортмунд! (ВИДЕО)

Ерлинг Халанд на уште еден меч е херој на Борусија Дортмунд, овој пат погоди во 91. минута за победа над Хофенхајм од 3-2.

Германија

Во првото полувреме немаше голови, а во вториот дел беа постигнати дури пет.

Рејна во 49. минута постигна гол за водство на Борусија Дортмунд од 1-0, а Баумгартнер во 61. минута го изедначи резултатот на 1-1.

Осум минути подоцна Белингам доднесе ново водство за Борусија Дортмунд, но Дабур во 90. минута изедначи на 2-2.

Се чинеше дека Хофенхајм се спаси од пораз, но не беше така. Во следната минута Халанд најдобро се снајде во една мешаница и погоди за победа од 3-2.