24фудбал

Кјаер и медицинскиот тим кој му го спасија животот на Ериксен, ја добија претседателската награда на УЕФА

Церемонијата на УЕФА на која ќе биде извршена ждрепката за Лигата на шампионите почна емеотивно со наградата на претседателот Александер Чеферин која беше доделена за спасувањето на животот на Ериксен.

ЕВРО 2020

Капитенот на Данска, Симон Кјаер и медицинскиот тим на стадионот, медицинскиот тим на УЕФА и на данската репрезентација кои му го спасија животот на Кристијан Ериксен ја добија наградата на претседателот Александер Чеферин.