24фудбал

„Не ги разбирам, го исвиркуваат Сане а не можат да истрчаат три метри!“

Тренерот на Келн, Штефан Баумгарт даде свое видување за свирежите од навивачите на Баерн Минхен на адреса на Лерој Сане, смета дека фудбалерот не заслужува ваков третман.

Германија

Изминативе денови, една од топ темите во Бундеслигата се свирежите кои навивачите на Баерн Минхен ги упатија кон Лерој Сане на дуелот против Келн.

Германецот се мачи со формата по преселбата на Алианц Арена, во неделата имаше уште една партија под очекувањата па публиката реагираше.

Јулијан Нагелсман го повлече Лерој Сане од игра на полувреме, на негово место влезе Џамал Мусиала, кој по пет минути му асистираше на Роберт Левандовски за 1-0.

Од таборот на Баерн Минхен веднаш скокнаа во одбрана на Лерој Сане, а истото го стори и тренерот на Келн.

„Ми пречат луѓето што свират, не ги разбирам. Доколку ги погледнете, тие не можат да истрчаат три метри! Не ми се допаѓа тоа што мислат дека можат да исвиркуваат некого, а не можат да прават половина од работите кои тој ги прави“ - вели Штефан Баумгарт.