24фудбал

Се можело и без агент: Кимих сам преговараше и доби двојно поголема плата од Баерн!

Баерн Минхен утрово соопшти дека Џошуа Кимих ставил потпис на нов договор, Германецот ја продолжи соработката со „бавараците“ до 30. јуни 2025 година.

Германија

Џошуа Кимих останува верен на Баерн Минхен, фудбалерот од средниот ред стави потпис на нов договор. Утрово пристигна официјална потврда, Германецот се обврза кон „баварците“ до 30. јуни 2025 година.

„Главната причина поради која го обновив договорот е тоа што тука во Баерн секој ден можам да уживам во мојата пасија. Имам тим со кој можам да постигнам сѐ, и многу од моите соиграчи ми станаа пријатели. Затоа и почнав да играм фудбал, бидејќи треба да ви биде забавно. Верувам дека имам уште да напредувам и убеден сум дека ќе имам простор за тоа тука во Баерн, очекувам многу работи да се случат во следните години. Исто така, моето семејство е среќно тука, Минхен ни е втор дом“ – вели Џошуа Кимих.

Интересно, Џошуа Кимих сам преговараше за новата соработка со Баерн Минхен откако пред неколку месеци му даде отказ на агентот. Германецот добро се снајде и без агент, си обезбеди двојно повисока плата.

Според Билд, Џошуа Кимих (кој претходно имал плата од 10 милиони евра по сезона), сега ќе биде на рамниште со Томас Милер и Мануел Нојер. Само Роберт Левандовски заработува повеќе, Полјакот е класа сам за себе.