24фудбал

Борусија Дортмунд со пораз се враќа од Фрајбург (ВИДЕО)

Фрајбург направи изненадување откако со 2-1 ја совлада екипата на Борусија Дортмунд.

Германија

Домаќините поведоа со гол на Грифо уште во шестата минута од натпреварот, а по осум минути игра во вториот дел Салаи зголеми на 2-0.

Шест минути подоцна Борусија Дортмунд се врати во игра кога Кеител си постигна автогол, но милионерите не успеаа да избегнат пораз иако имаа доволно време за тоа.

Со резултат од 2-1 Волфсбург славеше гостинска победа кај Херта, Бохум со 2-0 беше подобар од Мајнц.

Гројтер Фурт и Арминија Билефилд одиграа 1-1, немаше голови на дуелот меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Аугсбург.