24фудбал

Реал Мадрид и Манчестер јунајтед ќе извисат, Баерн го убеди Горецка да стави потпис на нов договор

Баерн Минхен успеа да го убеди Леон Горецка да стави потпис на нов договор, Германецот прифатил 15 милиони евра годишно за да ја продолжи верноста со „баварците“.

Германија

Леон Горецка е под договор до 2022 година, преговорите тапкаа во место, па неколку гиганти ширум Европа внимателно ја следеа ситуацијата. Се шпекулираше дека Реал Мадрид и Манчестер јунајтед се подготвени да го ангажираат фудбалер за беспари, односно да го донесат во своте редови како слободен играч следното лето.

Сепак, „кралевите“ и „ѓаволите“ ќе извисат, како што пренесуваат Билд и Спорт1, Баерн Минхен успеал да го убеди Леон Горецка да стави потпис на нов договор. На маса билa ставенa плата од 15 милиони евра годишно, сума која била доволна за фудбалерот од средниот ред да ја продолжи верноста.

Ова не е единствената добра вест од редовите нa шампионот на Германија, Баерн успеал да си подаде рака и со Џошуа Кимих за нова долгогодишна соработка, се очекува двата нови договори да бидат соопштени во скоро време.