24фудбал

Левандовски сака нов предизвик, но Баерн Минхен бара сума која никој нема да ја плати

Роберт Левандовски сака да заигра во друго европско првенство пред да ја заврши кариерата, но Баерн Минхен не сака да слушне за негово заминување.

Германија

Левандовски кој во сабота полни 33 години, е среќен во Баерн Минхен, но сака да заигра и за друг голем европски клуб пред да стави крај на кариерата.

Ова лето таа желба сигурно нема да му се исполни бидејќи информациите велат дека Баерн Минхен бара преку 120 милиони евра за својот напаѓач.

Тоа е сума која за 33 годишен играч никој не би ја платил, особено на еден ваков пазар кога многу од клубовите се во криза и гледаат да потрошат колку што е можно помалку.

Левандовски е фрустриран поради цврстиот став на Баерн Минхен, но нема да прави проблеми и максимално професионално ќе игра во новата сезона.

Но, следното лето можеби ќе биде негова последна шанса за сериозен трансфер, тогаш се очекува посилно да притисне за заминување.

Левандовски оваа сезона веќе постигна три гола во првите два официјални натпревари на Баерн Минхен, два од нив беа во Суперкупот против Борусија Дортмунд.