24фудбал

Клубовите кои планираат следното лето да го купат Халанд ќе треба да платат повеќе

Долго време се шпекулира дека во договорот на Ерлинг Халанд има откупна клаузула од 75 милиони евра, но последните информации велат дека таа може да порасне на 90 милиони евра доколку се исполнат одредени услови.

Германија

Ерлинг Халанд важи за еден од најперспективните напаѓачи, Норвежанецот е на радарот на сите гиганти ширум Европа, но ова лето речиси никој не се обиде да го купи. Се верува дека во неговиот договор има откупна клаузула од 75 милиони евра која ќе биде активирна во 2022 година, па сите преферираат да почекаат и за 12 месеци да го ангажираат за разумна сума.

Сепак, Спорт1 пренесува дека клубовите кои планираат следното лето да го Ерлинг Халанд, ќе мора да платат повеќе.

Откупната клаузула може да порасне од 75 на 90 милиони евра доколку се исполнат одредени услови, односно во зависност од тоа какви ќе бидат резултатите на Борусија Дортмунд оваа сезона.