24фудбал

Агуеро го кажа своето мислење по шпекулациите дека и тој побарал да си оди од Барса

По информацијата на Барселона дека Меси нема да го продолжи договорот, се појави шпекулација дека и Агуеро побарал да си замине, но Аргентинецот негира.

Шпанија

Агуеро во Барселона отиде за да игра со Меси, но тоа нема да се случи, неговиот сонародник заминува и најверојатно ќе биде нов фудбалер на ПСЖ.

Во шпанските медиуми се појавија вести дека Агуеро се чувствувал предаден од раководството на Барселона, му било ветено дека Меси нема да замине, но тоа не се случило, па и тој побарал да си оди.

„Не грижете се, ќе ме имате цела година“, изјави Агуеро негирајќи ги гласините за негово заминување.

А потоа преку социјалните мрежи му посака се најдобро на Меси.

„Се најдобро во што и да доаѓа пријателе мој. И секогаш со таа насмевка. Те сакам“, напиша Агуеро.