24фудбал

Меси утре со говор на Камп Ноу ќе им каже збогум на фановите на Барса

Лео Меси за утре закажа прес-конференција која ќе се одржи на Камп Ноу со почеток од 12 часот.

Шпанија

Барселона и Меси не успеаа да најдат решение како да ја продолжат соработката а да не ги прекршат правилата на шпанската лига.

Аргентинецот си заминува, се сели во ПСЖ каде би требало во вторник да биде прмовиран во ново засилување.

Преходно, утре со почеток од 12 часот, во една од вип салите на Камп Ноу, Меси ќе одржи прес-конференција, ќе го каже своето гледиште на работите и ќе се збогува со фановите на Барселона.