24фудбал

Бускетс е првиот фудбалер на Барселона кој се збогува со Меси (ФОТО)

Серхио Бускетс е првиот фудбалер на Барселона кој се збогува со Лео Меси, Шпанецот испрати порака на социјалните мрежи.

Шпанија

Барселона синоќа соопшти дека Лео Меси нема да продолжи, одлука која беше изненадување за многумина. Попладнево, неколку фудбалери го посетиле домот на Аргентинецот со цел од прва рака да разберат што се случило.

Еден од нив беше и Серхио Бускетс, кој се огласи на социјалните и му кажа збогум на Лео Меси.

„Се уште се обидувам да ги сфатам работите што се случија и колку тешко ќе биде, но можам само да ти се заблагодарам за се она што го имаш направено за клубов и сите оние кои те придружуваа изминативе години, особено јас. Дојде како дете и стане еден од најдобрите во историјата, притоа помогна клубот да се искачи на најголемите височини и да направиш истороија, како индивидуална така и колективна. Секогаш ќе можам да кажам дека сум играл и сум споделел многу моменти со тебе, повеќето беа добри и имав среќа што напредував и уживав покрај тебе 13 сезони. Но не само тоа, развивме пријателство, ќе ми недостасуваш многу. Можам само да ти посакам се најдобро, на тебе и твоето семејство, го заслужувате тоа. Ќе ни недостасуваш на сите“ – напиша Серхио Бускетс, кој треба да ја наследи капитенската лента од Лео Меси.