24фудбал

Меси бил изненаден од конечниот исход, не очекувал дека ќе добие негативен одговор

Лионел Меси не очекувал дека ќе му биде соопштено дека треба да си замине од Барселона, Аргентнецот бил изненаден од исходот.

Шпанија

Барселона и Меси подолго време бараа начин како да се реализира договорот, а правилата на Примера да се испочитуваат. Лапорта постојано во медиумите даваше оптимистички изјави, а такви му биле соопштувани и на Меси.

Планот беше синоќа да биде се завршено, Меси да го потпише договорот, а од денеска да почне да тренира со соиграчите.

Но наместо тоа, Лапорта му соопштил дека Барселона сепак не може да го реализира договорот а да не ги прекрши правилата.

Меси и неговата фамилија биле изненадени од ваквиот исход, не очекувале дека ќе треба да си заминат од Барселона, тие сметале дека се е договорено и остануваат уште потписите.

До крајот на преодниот рок има помалку од еден месец, Меси нема многу време да најде нов клуб, ќе мора брзо да донесе одлука.

А и клубовите кои имаат капацитет да го купат Меси се изненадени од целата стуација, сите очекувале дека Аргентнецот ќе остане во Барселона.

Веднаш тргнаа шпекулации дека ПСЖ е фаворит за потписот на Меси, а Покетино веќе му се јавил на својот сонародник.