24фудбал

Кои се опциите на Меси по заминувањето од Барселона?

Барселона не може да го задржи Меси, завршува една ера, Аргентинецот наскоро ќе има нов клуб, но кој ќе биде тој.

Шпанија

Има само неколку логични опции за Меси, а се пишува дека некои клубови веднаш реагирале.

Како главен фаворит се споменува ПСЖ, „Атлетик“ пишува дека Покетино веќе зборувал со Меси, добил зелено светло од раководството да почне да го убедува својот сонародник да дојде во клубот.

Како друга опција се споменува Манчестер Сити. Меси минатото лето беше пред потпис со англискиот клуб но овојпат работите се поразлични. Сити синоќа го комплетираше трансферот на Грилиш, а сака и напаѓач од типот на Хари Ккејн, па нејасно е дали би издвоиле и големо богатство за платата на Меси.

Речиси и да нема други клубови во Европа кои можат да си го дозволат Меси, можеби Челси кои е активен во последно време со ангажман на скапи играчи, но и тие се далеку од примањата кои ги има Аргентинецот.

Доколку не се договори со клуб од Европа, Меси веројатно би заминал во МЛС иако се споменува и можно негово враќање во Аргентина, но таа варијанта е со најмалку шанси.

Се очекува веќе во наредните денови да се знае кој ќе биде новиот клуб на Меси.