24фудбал

Џек Грилиш е првиот фудбалер од 100 милиони фунти во Премиерлигата, Анличанецот потпиша за Манчестер Сити

Џек Грилиш и официјално е нов фудбалер на Манчестер Сити, Англичанецот вечерва стави потпис на шестгодишен договор и стана најскапиот фудбалер во Премиерлигата.

Англија

Манчестер Сити го официјализираше трансферот на Џек Грилиш, вечерва беа комплетирани сите формалности и фудбалерот стави потпис на шестгодишен договор.

„Среќен сум што му се придружив на Манчестер Сити, се работи за најдобриот тим во Англија со тренер кој многумина го сметаат за најдобар на сите времиња. Ми се оствари сонот“ - рече Англичанецот.

За услугите на Џек Грилиш, Манчестер Сити плати рекордна сума за Премиерлигата. Фудбалерот од средниот ред стана првиот фудбалер од 100 милиони фунти и го урна рекордот на Пол Погба, за кого Манчестер јунајтед плати 89 милиони фунти.