24фудбал

Продажбата на Лукаку може да донесе распад на Интер, си заминуваат и Лаутаро, Де Врај...

Трансферот на Ромелу Лукаку во Челси може да креира многу проблеми во Интер, Лаутаро Мартинез и Стефан де Врај размислуваат за заминување како и директорите Бепе Марота и Пјеро Аусилио.

Италија

Кинеските газди на Интер не можат да одолеат на понудата на Челси вредна 130 милиони евра, но нивната одлука да го продадат Ромелу Лукаку може да предизвика хаос на две недели пред стартот на новата сезона.

Како што пишуваат медиумите од Италија, директорите Бепе Марота и Пјеро Аусилио не се сложуваат со одлуката на Сунинг и сметаат дека пари треба да се приберат со продажба на други играчи а не првата ѕвезда на тимот. Па не се исклучува можноста двајцата да си поднесат оставка и да го напуштат клубот.

Исто така се пишува дека уште неколку фудбалери размислуваат за заминување, се работи за Лаутаро Мартинез и Стефан де Врај. Аргентинецот е желба на неколку клубови ширум Европа, а агентот на Холанѓанецот веќе остварил контакт со екипи од Премиерлигата и ги понудил услугите на дефанзивецот.