24фудбал

Милевски промовиран: Македонија не е приватен тим, кој заслужува ќе игра!

Благоја Милевски попладнево беше промовиран како нов селектор на Македонија, вели дека со нетрпение го чека првиот собир и вети максимална посветеност и професионалност.

Македонија

Фудбалската федерација на Македонија попладнево официјално го промовираше Благоја Милевски за наследник на Игор Ангеловски на кормилото на А-тимот.

„Сакам да им се заблагодарам на сите, посебно до ФФМ за укажаната доверба. Можам да ветам максимална посветеност и професионалност, како и вреднување на човечките вредности на сите“ – рече Благоја Милевски, кој доби договор до 2024 година.

„Со нетрпение го чекам почетокот на мечевите во септември, возбуден сум, едвај чекам да се видиме повторно со поголемиот дел од играчите“.

„Заедничка цел е 2024 година, но сакам да дадеме се што знаеме и умееме во тековните квалификации за да имаме успешен циклус и да останеме конкурентни до самиот крај“.

На Европското првенство, капитенот Горан Пандев и уште неколку фудбалери најавија крај на репрезентативните кариери, па ќе има промени во составот. Благоја Милевски сега откри дека разговарал со неколку имиња и најави можно враќање на Адис Јаховиќ.

„Ова не е приватен тим. Сите деца се на Македонија, сите ќе треба да одговорат на предизвикот. Јасно е дека ќе има измени, знаеме дека Пандев, Тричковски и Велкоски изразија желба да прекинат со настапите за А-тимот. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам за сето она што го постигнаа“.

„Остварив средба со Адис Јахович, и не само со неколку, туку со уште неколку потенцијални репрезентативци. Адис изрази желба да се стави на располагање на Македонија доколку е потребно“.