24фудбал

Спектакуларен меч со седум погодока, САД и Андоновски до бронза во Токио

Женската фудбалска репрезентација на САД го освои третото место на Олимпискиот турнир во Токио откако денеска во малото финале славеше против Австралија со 3-4.

Останато

Уште еден Македонец се закити со медал на ЛОИ во Токио, Влатко Андоновски како селектор на женската фудбалска репрезентација на САД стигна до бронза.

Во малото финале, репрезентацијата на САД славеше против Австралија во спектакуларен меч со седум погодока.

Со двата гола на Рапино и погодокот на Лојд, американските на пауза заминаа со предност од 1-3. Лојд по втор пат ја затресе мрежата на стартот од второто полувреме за 1-4, но Австралијанките не се предадоа и со погодоците на Фурд и Гјелник намалија на 3-4. Сепак немаа сили за чудо и мораа да се помират со пораз.

Во големото финале, утре ќе се сретнат Канада и Шведска.