24фудбал

Ериксен им открил на соиграчите од Интер кога ќе се врати на терените

Медиумите од Италија откриваат детали од разговорот на Кристијан Ериксен со соиграчите од Интер, Данецот им соопштил дека планира да се врати на терените за четири до пет месеци.

Италија

Кристијан Ериксен оваа недела пристигна во Милано и синоќа ги посети соиграчите од Интер во тренинг центарот во Апиано Џентиле.

Според пишувањата на Кориере дело Спорт, Данецот едвај се воздржал да не пушти солзи и им кажал на соигречите дека „имал многу среќа“.  Тој исто така им открил дека планира да се врати на терените за четири до пет месеци.

Кристијан Ериксен колабирашер против Финска на Европското првенство, неговото срце престана да бие, но докторите успеаја да го спасат. Тој потоа беше опериран и доби Имплантабилен дефибрилатор на кардиовертер, уред кој го следи и регулира ритамот на срцето.

Сепак, со ваков уред тој нема да добие зелено светло за настап во Серија А, законите во Италија не го дозволуваат тоа.