24фудбал

Како Тебас и „помогна“ на Барса да го обнови договорот на Меси

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас обезбеди финансиска инекција од 2,7 милијарди евра, пари кои на клубовите од Шпанија и тоа како им се потребни.

Шпанија

Поради пандемијата на коронавирус, клубовите од Шпанија претрпеа голем удар. Најсериозна е ситуацијата на Барселона, која сега мака мачи да најде начин како да го обнови договорот на Лео Меси и да регистрира нови засилувања.

Жоан Лапорта во неколку наврати побара поголемо разбирање и толеранција од Хавиер Тебас околу правилата за селари-кап, но првиот човек на Ла Лига одби да прогледа низ прсти, дури ниту за најдобриот фудбал на денешницата и најголемиот промотор на шпанскиот фудбал, Лео Меси.

Сепак, Хавиер Тебас успеа да и „помогне“ на Барселона откако обезбеди огромна финансиска инекција, постигнат е историски договор со ЦВЦ Инвестмент, фондот на шпанските клубови ќе им стави на располагање 2,7 милијарди евра.

15% од оваа сума веднаш ќе може да се употреби за засилување на составите или за плати, додека останатиот дел е наменет за структурни подобрувања на стадионите и тренинг центрите.

Барселона ќе добие најголем дел од колачот или околу 270 милиони евра, па Жоан Лапорта и неговите соработници ќе имаат поголем простор за маневар кога е во прашање новиот договор на Лео Меси и регистрација на новите засилувања.