24фудбал

Лукаку го известил Интер: Сакам да се вратам во Челси!

Голем број на извори пренесуваат дека Ромелу Лукаку го известил Интер дека сака да се врати во Челси, сега се чека понуда од 130 милиони евра за „нероаѕурите“ да дадат зелено светло.

Италија

Само прашање на време е кога Интер ќе го продаде Ромелу Лукаку, напаѓачот синоќа го известил тренерот Симоне Инѕаги и директорите дека сака да се врати во Челси.

Фудбалерот од Белгија разговарал со Томас Тухел, му се допаднало она што го слушнал, па им порачал на „нероаѕурите“ да најдат договор со „сините“ за тој одново да заигра на „Стемфорд Бриџ“.

Интер веќе одби предлот вреден 100 милиони евра плус услугите на Маркос Алонсо и се најавува дека Челси наскоро ќе достави нова побогата понуда.

Се верува дека Интер сака само пари и сумата потребна за продажба на Ромелу Лукаку изнесува 130 милиони евра.

Што се однесува до платата на Ромелу Лукаку во Челси, тој ќе има примања од 12 милиони евра по сезона, а со бонуси може да стигне и до бројката од 15 милиони евра.