24фудбал

Динамо Загреб исто како Црвена звезда, одигра само 1-1 на свој терен

И Динамо Загреб не ја искористи предноста на домашен терен, одигра 1-1 против Легија во првиот меч од квалификаците за Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Ако ги минат своите противници во ова квалификациско коло од Лигата на шампионите, Црвена звезда и Динамо Загреб ќе имаат меѓусебен дуел во плеј-офот.

Но, ниту Звезда, ниту Динамо не успеаа да обезбедат предност од првите натпревари кои ги играа дома.

Синоќа Црвена звезда ремизираше со Шериф Тираспол, а денеска Динамо Загреб одигра 1-1 со Легија.

Петковиќ во 60. минута донесе водство од 1-0 за Динамо Загреб, а Муци во 82. минута го изедначи резултатот на 1-1.

Стефан Ристовски ги одигра сите 90 минути за Динамо Загреб, Адеми е надвор од стројот поради повреда.

Денеска се одиграа уште два меча од квалификациите за Лигата на шампионите, Бенфика со 2-0 славеше на гостувањето кај Спартак Москва, со истиот резултат но на свој терен Ференцварош ја победи Славија Прага.