24фудбал

Интер почна да бара наследник на Лукаку, на врвот од листата со желби се Влаховиќ и Запата

Раководството на Интер почнало да составува список со играч кои ќе треба да го наследат Ромелу Лукаку доколку фудбалерот од Белгија биде продаден на Челси.

Италија

Интер оваа недела одби богата понуда од Челси за услугите на Ромелу Лукаку, „сините“ на маса ставиле 100 милиони евра, плус услугите на Маркос Алонсо.

Шампионот на Европа очајно посакува нов голгетер, па ќе достават нов предлог кој ќе изнесува преку 130 милиони евра, сума која ќе ги стави во искушение „нероаѕурите“, особено доколку и самиот Ромелу Лукаку изрази желба да се врати во Лондон.

Па раководството на Интер полека почнува да прави планови за сезона без Ромелу Лукаку и да состави список со играчи кои ќе треба да го наследат фудбалерот од Белгија.

На врвот од листата со желби се наоѓаат Дуван Запата од Аталанта и Душан Влаховиќ од Фиорентина. Колумбиецот има многу слични карактеристики како Ромелу Лукаку и цена од 45-50 милиони евра. Душан Влаховиќ пак е поинаков профил на фудбалер, неговата цена е повисока (60-70 милиони евра) но е далеку помлад и може да биде важна инвестиција за иднината.

Анхел Кореа од Лацио и Џакомо Распадори од Сасуоло исто така се на радарот на Интер.