24фудбал

Официјално: Кјелини потпиша нов договор со Јувентус

Џорџо Кјелини и во наредните две сезони ќе биде капитен на Јувентус откако денеска стави потпис на нов договор.

Италија

Кјелини кој следниот месец ќе наполни 37 години, стави потпис на нов двегодишен договор со Јувентус.

По завршувањето на минатата сезона, Кјелини стана слободен фудбалер, неговата иднина беше доведена во прашање, но на задоволство на фановите на Јувентус тој ќе продолжи да го носи црно-белиот дрес.