24фудбал

Официјално: Бруно Акраповиќ е нов тренер на Шкендија, се враќа по пет години на кормилото на тетовскиот тим

Шкендија брзо го назначи наследникот на Ернест Ѓока, Бруно Акраповиќ ќе биде новиот тренер на тетовскиот тим.

Македонија

По неуспешната авантура во Европа во која Шкендија не даде ниту еден гол на четири меча, раководството се реши за тренерска промена.

Клубот денеска соопшти дека нов тренер ќе биде босанскиот стратег Бруно Акраповиќ кој го водеше тимот и пред пет години.