24фудбал

Динамо Загреб против Црвена звезда во битка за пласман во ЛШ!

Ако ги поминат свои противници во следното квалификациско коло, Динамо Загреб и Црвена звезда во меѓусебен дуел ќе одлучуваат за пласман во Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Денеска во Нион беше извршена ждрепката за плеј-оф дуелот за пласман во Лигата на шампионите.

Таа донесе можна исклучително атрактивна пресметка за овој регион. Големите ривали од времето на Југославија, Динамо Загреб и Црвена звезда би можеле да играат меѓусебе за пласман во Лигата на шампионите.

За тоа да се случи најпрво Динамо треба да ја елиминира Легија, а Црвена звезда да го исфрли молдавски Шериф.

Ако се случи тој историски дуел, Црвена звезда би била домаќин на 17 или 18 август, а реваншот би се играл во Загреб седум дена подоцна.