24фудбал

Андоновски не ги однесе Американките до финале, пораз од Канада

Женската фудбалска репрезентација на САД која ја предводи Македонецот, Влатко Андоновски, загуби во полуфиналето од Канада со 1-0.

Останато

Целта на Американките беше златото на овие Олимписки игри, но тие не стигнаа ни до финалето.

Канада победи со 1-0 со гол на Флеминг во 74. минута од натпреварот од пенал.

САД ќе игра за бронзениот медал со поразениот од второто полуфинале Австралија - Шведска.