24фудбал

Кејн почнал бојкот, не се појавил на тренинг на Тотнем

Хари Кејн сака да си замине од Тотнем и со неговите постапки тоа јасно му го кажал на сопственикот Даниел Леви.

Англија

Информациите од Англија велат дека Хари Ккејн не се појавил на тренинг на Тотнем. Тој донел одлука да бојкотира за клубот да почне да размислува за негова поддршка.

Кејн доби продолжен одмор по настапот на Европското првенство, но веќе требаше да се појав на тренинзите на тимот, сепак тоа не се случи.

Кејн имал џентлменски договор со Тотнем за ова лето да биде продаден, но последниот став на Леви е дека напаѓачот не е на продажба.

Манчестер Сити е клубот кој се поврзува со Кејн, но не се исклучува можноста и Челси да се вклучи во трката бидејќи Тухел е во потрага по елитен напаѓач.