24фудбал

И Тотнем договори дефанзивец од преку 50 милиони евра

Информациите од Аргентина велат дека Тотнем и Аталанта си подале рака за аргентинскиот дефанзивиц, Кристијан Ромеро.

Англија

Арсенал неодамна потпиша со Бен Вајт за трансфер вреден преку 50 милиони евра, а сега истото го прави и Тотнем.

Тие веќе некое време преговараа со Аталанта за ангажман на Ромеро и конечно е постигнат договор.

Според медиумите од Аргентина, Тотнем за Ромеро ќе плати 50 милиони евра плус 5 во бонуси.

И покрај тоа што од клуб кој игра во Лигата на шампионите оди во Тотнем, Ромеро имаше голема желба да за трансфер во клубот од Северен Лондон која му се оствари.

Во наредните денови треба да бидат финиширани сите формалности и трансферот и официјално да биде потврден.