24фудбал

Мурињо објасни зошто смета дека играта „Фортнајт“ е кошмар за фудбалот

Во едно интересно и необично интервју за социјалните мрежи на Рома, Жозе Мурињо дава мислења за повеќе работи, меѓу нив и познатата игра „Фортнајт“.

Италија

Фортнајт е една од напознатите игри во последно време, многу фудбалери ја играат, а токму тоа го загрижува Мурињо.

„Фортнајт? Тоа е кошмар. Фудбалерите седат будни цела вечер играјќи го тоа срање и следниот ден имаат натпревар“, изјави Мурињо.

Еден од фудбалерите за кои се знаеше дека игра многу Фортнајт е Месут Озил. Многумина му замеруваа дека токму видео игрите се причината за падот во формата додека играше за Арсенал.