24фудбал

Судот во Мадрид пресуди во корист на Суперлигата, Реал, Барса и Јувентус не се откажуваат од идејата

Според одлуката на судот во Мадрид, УЕФА нема право да ги казнува основачите во Суперлигата, Барселона, Реал Мадрид и Јувентус излегоа со заедничко соопштение.

Останато

Откако ја дознаа за нив позитивната одлука на судот во Мадрид, Реал, Барселона и Јувентус ветија дека ќе продолжат да го туркаат проектот за Суперлига.

„Барселона, Јувентус и Реал Мадрид со задоволство ја прифаќаат одлуката на судот која забранува на УЕФА да отвора постапки против основачите на Суперлигата. Монополистичката апозиција на УЕФА и конфликтот на интереси му штети ина фудбалот. Фудбалските клубови во Европа имаат право да си создаваат свои натпреварувања. Задоволни сме што веќе нема да бидеме предмет на закани на УЕФА. Нашата цел е да продолжиме да го развиваме проектот на Суперлигата“, стои во дел од соопштението на трите клуба.

Нејасно е само како ќе ја развиваат Суперлигата без англиските клубови кои се половина од лигата. Сопствениците на Манчестер Сити, Јунајтед, Ливерпул, Челси, Тотнем и Арсенал не само што веднаш се откажаа туку и им се извинуваа на навивачите откако го почувствуваа нивниот бес и ветија дека во иднина тоа нема да им се случи.

Ако останат на тој став, Суперлигата без англиските клубови би била бледа сенка од замислениот проект.