24фудбал

Официјално: Бен Вајт стана третиот најскап трансфер во историјата на Арсенал

Арсенал попладнево го комплетираше трансферот на Бен Вајт, дефанзивецот пристигнува од Брајтон во зделка вредна 50 милиони фунти.

Англија

Микел Артета попладнево го доби третото засилување за новата сезона, Арсенал потпиша со Бен Вајт.

„Топчиите“ од поодамна си подадоа рака со Брајтон, се чекаше само играчот да се врати од одмор за да бидат комплетирани лекарските прегледи и формалностите.

„Бен Вајт ни се придружи од Брајтон, дефанзивецот стави потпис на долгогодишен договор“ – гласеше известувањето на клубот од Северен Лондон.

Детали од трансферот не беа откриени, но медиумите подолго време пишуваат дека се работи за зделка од 50 мииони фунти. Со ваква бројка, Бен Вајт ќе стане третиот најскап трансфер во историјата на Арсенал, зад Пепе и Обамејанг.