24фудбал

Верноста на Кеси има цена, за останување во Милан добива три пати поголема плата

Франк Кеси наскоро ќе стави потпис на нов договор со Милан, фудбалерот од БСК ќе добие годишна плата од 6 милиони евра плус бонуси за продолжување на соработката со „росонерите“.

Италија

Џиџо Донарума и Хакан Чалханоглу ова лето го напуштија Милан откако не успеаја да пронајдат заеднички јазик со раководството на „росонерите“ за продолжување на договорите.

Франк Кеси исто така преговара за нов договор, Ливерпул и Тотнем се обидуваат да го „украдат“, но самиот фудбалер оваа недела ги „олади“ клубовите од Премиерлигата и порача дека нема намера да си од Сан Сиро.

Последните информации велат дека Франк Кеси наскоро ќе стави потпис на нов договор, разликата помеѓу двете страни полека се намалува.

Верноста на фудбалерот од БСК сепак има цена, за останување на Сан Сиро ќе добие три пати поголема плата и во иднина ќе заработува 6 милиони евра годишно. Плус ќе му следуваат и бонуси со кои ќе биде многу блиску до најплатениот во Милан, Златан Ибрахимовиќ.