24фудбал

Шкендија му врачи отказ на Ернест Ѓока

По лошиот настап во Европа, Шкендија реши да се раздели со тренерот Ернест Ѓока, тетовскиот тим ќе добие нов стратег.

Македонија

Шкендија ја освои титулата во Македонија, но доживеа дебакл на европска сцена, загуби четири натпревари и притоа не постигна ни гол.

Шкендија ја раскина соработката со тренерот Ернест Ѓока. Постигната е взаемна согласност за раскин на договорот во интерест на двете страни“, стои во соопштението на Шкендија.

Клубот соопшти и дека во наредните денови ќе одлучи кој ќе биде нов тренер на тимот.