24фудбал

Паѓа рекордниот трансфер на Пол Погба, Манчестер Сити доставил понуда за Џек Грилиш вредна 100 милиони

Манчестер Сити доставил конкретна понуда до Астон Вила за трансфер на Џек Грилиш, „граѓаните“ на маса ставиле 100 милиони фунти за услугите на репрезентативецот на Англија.

Англија

Рекордниот трансфер на Пол Погба од 89 милиони фунти е пред уривање, Џек Грилиш е на добар пат да стане најскап фудбалер во Премиерлигата.

Весникот Телеграф попладнево пренесе дека Манчестер Сити доставил конкретна понуда до Астон Вила. Џек Грилиш е приоритет на Пеп Гвардиола, па „граѓаните“ нема да штедат и на маса ставиле 100 милиони фунти.

Се верува дека Астон Вила нема да може да одолеа на ваква сума, особено доколку Џек Грилиш изрази желба да напредува во кариерата и да заигра во клуб со кој ќе се бори за титула во Премиерлигата и Лигата на шампиони.