24фудбал

Перез му ветува богатство на Мбапе, доколку се пресели во Реал во 2022 ќе добие бонус од 40 милиони

Килијан Мбапе го чека огромен бонус доколку ја одработи последната година од договорот со ПСЖ и следното лето како слободен играч се пресели во Реал Мадрид, Флорентино Перез му има ветено 40 милиони евра.

Шпанија

Килијан Мбапе ги одработува последните 12 месеци од договорот, ПСЖ со сите сили се обидува да ја продолжи соработката, но напаѓачот одбива да ја продолжи верноста и се верува дека сака да замине од Париз.

Французинот е дамнешна желба на Флорентино Перез и првиот човек на Реал му ветил богатство на Килијан Мбапе за да остане уште една сезона на „Паркот на принцовите“ и потоа следното лето како слободен играч да потпише за „кралевите“.

При едно вакво сценарио, Реал Мадрид нема да му плати обесштетување на ПСЖ па затоа Флорентино Перез е подготвен на Килијан Мбапе да му даде 40 милиони евра за потпис на договорот.

Секако, Килијан Мбапе ќе добие и богат договор и годишна нето плата од 25 милиони евра.