24фудбал

Сасуоло му даде рок на Јувентус за Локатели

Спортскиот директор на Сасуоло, Џовани Карневали признава дека Локатели сака трансфер во Јувентус, но бјанконерите ќе мора да испратат соодветна понуда.

Италија

Карневали вели дека ако некој од Локатели или Берарди замине, тоа ќе биде до 8 август, по тој датум нема да продадат ниту една од своите ѕвезди.

„Локатели сака во Јувентус“, вели Карневали.

„Како и да е, Јувентус треба да постигне договор со нас. Ќе видиме дали ќе ги понудат вистинските услови. Денеска ќе зборуваме со нив“.

„Локатели има понуда од Арсенал и од уште еден англиски клуб кој сега се вклучи во трката, па мора да донесе одлука, ако не ќе остане со нaс“.

Понудата на Јуве беше двегодишна позајмица со обврска за купување за 30 милиони евра плус бонуси.

Сасуоло сака најмалку 40 милиони евра, Арсенал нуди 40 милиони евра плус 5 милиони евра во бонуси.

„Нема да продадеме наша ѕвезда по 8 август. Берарди е наш топ фудбалер, сакаме да го задржиме. Доколку дојде понуда за него ќе ја разгледаме, но нема да продадеме никој во доцен август“.