24фудбал

Ван Дајк конечно заигра натптревар и ја даде првата изјава по враќањето

Ливерпул синоќа го загуби пријателскиот меч против Херта со 4-3, но по долго време Вирџил ван Дајк и Џо Гомез се вратија во игра.

Англија

Херта го победи Ливерпул, за германскиот тим два гола даде Јоветиќ, по еден Сердар и Аскасибар, погодоците за англискиот тим ги реализираа Мане, Минамино и Окслејд Чемебрлејн.

Но поважно за Ливерпул е враќањето на Вирџил ван Дајк и Џо Гомез кои поради повреди на лигаментите од минатата есен беа во аут.

Двајцата дефанзивци во игра влегоа во 70. минута, ги одиграа последните 20 минути од мечот.

„Пред 285 дена, го почнав патот кон враќање на играњето. Тешко е да се опише како се чувствувам, но важано ми е да кажам дека се чувствувам благословено што имав поддршка од толку многу неверојатни луѓе. Хирургот, моите физеотерапевти, тренерите и персоналот кои беа со мене од првиот ден. Моите соиграчи кои ми даваа енергија, фановите за нивната љубов, поддршка и кураж. И најмногу од сите, мојата фамилија бидејќи без нив ќе бев ништо. Ви благодарам. Работата не запира сега. Ова е само почеток. Одиме напред“, изјави Ван Дајк.