24фудбал

Шкупи со нов пораз од Санта Клара се прости од Европа

Со поразот на Шкупи од Санта Клара од 2-0 заврши настапот на македонските клубови во Европа.

Македонија

И ова лето македонските клубови имаа неславно учество во квалификациите во европските купови.

Шкупи очекувано загуби од Санта Клара, но барем може да се пофали дека се единствениот наш клуб кој мина едно квалификациско коло во европските натпреварувања.

Вечерва Санта Клара рутински славеше со 2-0 во Португалија со голови на Карваљо и Вилануева во првото полувреме.